Најдоцна до 2023 година, натпревари од американскиот фудбал ќе се играат и во Минхен, Франкфурт и Дизелдорф.

Националната фудбалска лига (НФЛ) избра уште три града надвор од САД кои ќе бидат домаќини на американски фудбалски натпревари (слични на рагби). Досега се одиграни 39 натпревари од НФЛ на територии кои не припаѓаат на САД, од кои дури 29 во Лондон, почнувајќи од 2007 година.

Повеќето од нив се одиграа на „Вембли“, поради капацитетот од 80.000 места, со последниот натпревар од НФЛ, последниот ден од минатата недела, кој се одржа во Тотенхем, кога Атланта го победи Њујорк (27:20).