Неверојатната сцена се случи во јули минатата година кога НФЛ-играчот Двејн Хаскинс доби ќотек од својата сопруга Калабраја кој ќе го памети цел живот.

Квотербекот на Питсбург Стилерс се скарал со сопругата во Лас Вегас, а потоа таа решила физички да го нападне. Хаскинс не се снајде најдобро, најверојатно не сакал да реагира, па добил бројни удари од кои му била отцепена усната, а воедно остана и без заб.

Калабрија Гондрезик-Хаскинс потоа беше уапсена поради напад на нејзиниот сопруг. Таа накратко била зад решетки и набрзо била ослободена.

Изминативе денови стигна правосилната пресуда за семејно насилство. Калабрија е ослободена од обвиненијата и против неа повеќе не се води никаква постапка.

Но, очигледно работите се веќе средени и двајцата повторно се заедно, а Двејн Хаскинс решил да проголта се што се случило.

  • Таа е мојата ѕвезда, напиша Хаскинс на социјалните мрежи.

Овој фудбалер беше избран на НФЛ драфтот во 2019 година од Вашингтон, а од оваа сезона е член на Стилерс.