Нушу-единственото писмо во светот смислено и наменето самo за жени

81

Низ историјата, жените во кинеската рурална провинција Хунан користеле шифрирано писмо за да си ги споделуваат најтајните мисли една со друга. Ова писмо, кое исчезнало со текот на годините, се враќа во употреба.

Југоисточната кинеска провинција Хунан може да се опише како сложувалка составена од стрмни песочни врвови, длабоко засечени речни долини и полиња со ориз покриени со магла. Планините зафаќаат над 80 проценти од нејзината површина, оставајќи многу изолирани села на планинските падини да се развиваат независно едни од други.

Токму тука, скриено меѓу падините и речните населби, се раѓа Нушу – единственото писмо во светот  обмислено и користено исклучиво од жени, пишува Би-Би-Си.

Нушу, или во превод од кинески „женско писмо“, станува познато во 19 век, и на припадниците на им обезбеди на членовите на етничките групи Хан, Јао и Миао им гарантира слобода на говор, што во тоа време не била многу честа појава.

Некои експерти веруваат дека ова писмо датира од времето на династијата Сонг (960-1279) или дури и од династијата Шанг, стара повеќе од 3.000 години.

Писмото се пренесувало од мајка на ќерка, а го користеа сестри и пријатели во феудална Кина во време кога жените не биле во можност да се образуваат.

Многу од нив биле неписмени, а со цел да го научат Нушу, тие едноставно го препишале писмото онака како што ќе го виделе.

Со текот на времето, Нушу создава импресивна женска култура која постои и денес.

Писмо што не се изговара

Невообичаено, стотици, па дури и илјадници години, ова неизговоливо писмо останува непознато надвор од кинескиот округот Јиангјонг, а светот надвор од тоа подрачје дознава за него дури во осумдесеттите години од минатиот век.

Денес, 16 години откако почина последниот познат мајчин корисник на ова старо шифрирано писмо, се случува еден вид негова преродба.

Се случува во селото Пувеи, кое е опкружено со реката Ксиао и единствениот пат до неговите живеалишта е преку мал висечки мост.

Пувеи доаѓа во центарот на вниманието како место за истражување на ова шифрирано писмо, откако научниците стапуваат во контакт со околу двесте жители на Пувеи кои знаеле да го декодираат Нушу.

Нематеријално културно наследство

Државниот совет на Кина го прогласува Нушу за национално нематеријално културно наследство во 2006 година, а една година подоцна е изграден музеј во Пувеи, каде се изучува писмото.

Нушу се чита од десно кон лево, секој симбол претставува еден слог, а првично се пишувал со изострено стапче од бамбус, натопено во импровизирано мастило, направено од изгорени остатоци во традиционално кинески сад – вок.

Овој шифриран начин на комуникација меѓу жените служел да се изборат со тешкотиите дома и во општеството, но и да ја одржат комуникацијата со пријателките во другите села.

Зборовите за пријателство и среќа биле врзувани на шамичиња, шамии за главата, ладала и на памучни појаси, кои си ги разменувале.

Иако никогаш не е преточен во говор, жените од овие краишта користеле фрази и изрази на Нушу во песните што ги пееле за време на своите дружби,  – роденденски песни, тажачки песни или брачни жалби.

Денес, ова писмо се смета за средство за комуникација за жените кои не можеле да си ја дозволат привилегијата да научат да читаат или пишуваат на кинески јазик, но првично се верувало дека ова писмо е всушност пркос на длабоко патријархалното општество од тој период.

Извор:www.capstan.be