Нутриционистка од Лондон специјално за ВЕЧЕР: Која здрава храна ќе ве заштити во престојната есенска сезона? 

86

„Во текот на есента има широк спектар на зеленчук и овошје, богати со хранливи материи, кои помагаат да ја одржуваме формата и здравјето. Решив да дадам неколку совети за да се осигурате дека не само што ќе ја одржувате тежината, но и да го искористите максимумот од сезонските производи што се достапни за нашето здравје“, посочува за весникот ВЕЧЕР Марија Соколовска, нутриционистка од Лондон

Веќе сме на крај на летото и доаѓа есента, а во овој период од годината природно е да се наголемува телесната тежина. Времето станува постудено и ние секако се орентираме повеќе на калорична храна, која пак резултира со покачување на телесната тежината. Од друга страна есента носи и настинки, вируси, бактерии инфекции… Бидејќи нашата исхрана се менува, и ние постепено започнуваме да се храниме со топли оброци, полни тенџериња, чорби и исто така вкусни пити. Затоа решив да дадам неколку совети за да се осигурате дека не само што ќе ја одржувате тежината, но и да го искористите максимумот од сезонските производи што се достапни за нашето здравје.

Во текот на есента има широк спектар на зеленчук и овошје, богати со хранливи материи, кои помагаат да ја одржуваме формата и здравјето. Мојата листа за најдобра есенска храна е многу долга, но јас ќе издвојам неколку, т.е најдобирте.

Би почнала со јаболка. Хранливите материи што се наоѓаат во јаболката можат да спречат скокови на шеќерот во крвта и да го намалат ризикот од различни хронични заболувања. На ова овошје сезона му се есенските месеци и доаѓа во различни вкусови.

Круши. Лушпата на крушите содржи најмалку три до четири пати повеќе фенолни фитонутриенти (основни соединенија кои го подобруваат здравјето) отколку месото на овошјето. Овие фитонутриенти вклучуваат антиоксиданти, антиинфламаторни флавоноиди и потенцијално анти-канцерогени фитонутриенти како цинамичните киселини.

 

Зелка. Овој сезонски зеленчук има придобивки за намалување на холестеролот, а исто така е богат со растителни влакна особено кога се вари на пареа.

Лук. Лукот навистина е лек на природата. Содржи алицин, хемикалија која е многу ефикасна против вируси, габи и бактерии. Внатрешната потрошувачка на лук може да го намали нивото на ЛДЛ холестерол во крвта и да спречи рак. Јадењето лук може значително да го подобри и вашето расположение.

Ѓумбир – има многу сопствена топлина, што е она што го прави идеална есенска удобна храна. Без разлика дали преферирате чај од ѓумбир, придобивките од овој корен се многу. Може да ја излечи кашлицата, настинката и застојот во грлото, да го смири стомакот и да обезбеди ослободување од дигестивните проблеми, да се бори против гадење, па дури и да направи чуда за алергиите. Ѓумбирот функционира како природно антиинфламаторно средство и е добар за мускулно-скелетните заболувања.

Печурките. Тие се навистина одлични за јадење, бидејќи можат да помогнат да влијаат на липидите во крвта, гликозата во крвта, имунитетот и контролата на тежината. Тие исто така нудат многу основни хранливи материи и антиоксиданси кои му се потребни на телото.

Калинки. Се сметаат за „скапоцен камен на есента“. Калинките се богат извор на растворливи и нерастворливи диетални влакна. Исто така се добар извор на витамин Ц.

Коренести зеленчуци. Сите различни видови на коренести зеленчуци се одлични – морковот, репката се вистински нутриционистички звезди и во есен и во зима. Вкусното цвекло е исто така одлично бидејќи е преполно со фолна киселина, витамин Ц и магнезиум.

Би ги издвоила и овие два зачина. Цимет. Тоа е еден од најстарите познати зачини и совршен избор за есен. Циметот често се користи во традиционалните кинески и ајурведски лекови за лекување на настинка, кашлица, гадење, надуеност, дијареа, дијабетес и многу други физички заболувања. Може да ги смири вашите сетила и да го одржува вашето тело топло и удобно во студената сезона и за оние кои имаат студени стапала. Можете да посипете цимет во прав со салати и придружни јадења, да го измешате со сокови или да го пиете со чај.

Бибер. Друга група билки, кои се добри за вашиот вкус, како и за вашето здравје, Додавањето бибер во вашата храна може да ви помогне на различни начини – го подобрува варењето на храната, ја намалува надуеноста, ги третира гастроинтестиналните заболувања, убива бактерии и вируси, го отстранува застојот во градите, третира кашлица и настинка итн.

Есента го означува почетокот на студената сезона, поради што многу луѓе страдаат од напади на настинка и кашлица и различни видови на алергии. Вашата кожа, исто така, ќе се чувствува исклучително сува и безживотна, и ќе биде повеќе склона кон бактериски и габични инфекции. Различните есенски намирници споменати погоре ве затоплуваат природно и се во функција на избегнување на вообичаените инфекции и алергии поврзани со оваа сезона.

Овие овошја, зеленчук и зачини ќе го зајакнат вашиот имунолошки систем и ќе ве одржат топли и удобни, па затоа ќе бидете подготвени за студените денови.

Се разбира, не само она што го јадете во есен ќе ве одржува здрави, треба и вие да ги правите вистинските работи! Бидејќи ова е исто така време кога почнуваме да посегнуваме по џемпери и пријатна облека, стануваме помалку активни, а вишокот килограми добиени од зголемената потрошувачка на храна може полека и постојано да се покачува. Затоа уживајте во промената на сезоната, само внимавајте на големината на порцијата. И не заборавајте да пиете вода!

Марија Соколовска