Нутриционистите го препорачуваат за јакнење на имунитетот, ама цвеклото е закон и за нешто друго

158
SONY DSC

Богато е со витамини, минерали и влакна што го прави вистински „еликсир на здравјето“. Нутриционистите го препорачуваат посебно во диеталната исхрана, за чистење на организмот од токсини и за јакнење на имунитетот.

Истражувањата покажале дека редовното консумирање цвекло го спречува губењето на минералите од коските и забите, го забавува стареењето и појавата на артеросклероза, ја поттикнува работата на цревата.

Благодарение на бетанинот и бетаинот, ја подобрува размената на материите, го регулира крвниот пртисок, го намалува нивото на холестерол, ги чува крвните садови и ја поттикнува работата на црниот дроб. Со оглед на тоа што содржи поголемо количество железо и пигмент антоцијан кој му ја дава црвената боја, цвеклото е исклучително корисно во лечењето на слабокрвноста.