Рускиот ММА борец, Умар Нурмагомедов, е хоспитализиран поради проблеми со дишењето, поради што нема да ја одработи наредната борба против Сергеј Морозов. Умар е братучед на далеку попозантиот Хабиб Нурмагомедов и е дел од неговиот тренинг тим.
Како што се наведува, Умар бил хоспитализиран во Дубаи бидејќи имал висока температура, респираторни проблеми и повраќал.
Сега сите погледи се свртени кон Хабиб Нурмагомедов, кој наредниот викенд по трет пат го брани шампионскиот појас во лесна категорија против Џастин Гејчи. Од тимот на Хабиб истакнаа дека нивниот борец е здрав, дека се чувствува добро и дека дефинитивно ќе се бори против Гејчи.