Меѓународната манифестација „Ноќ на идеите“ годинава ќе се одржи по шести пат, а фокусот ќе биде ставен на пандемијата со Ковид-19. Дел од овој глобален светски настан ќе биде и Францускиот културен центар.

Настанот ќе се одржи онлајн во соработка со Акцелераторот УКИМ, а целта ќе биде да се повика на колективна размисла за светот по пандемијата на Ковид-19.

“Во време кога санитарната криза нè принудува да го редефинираме нашиот однос кон животната средина и воедно ги доведува во прашање иднината на економијата во идното општество, „Ноќта на идеите“ нè повикува, повеќе од кога било, на колективна размисла за светот по пандемијата на COVID-19“, се посочува во соопштението на Францускиот институт.

Францускиот институт и во Акцеларот УКИМ ќе се приклучат на манифестацијата преку онлајн дебата на тема „Дигитална ера: Толку далеку, а толку близу – новите навики по пандемијата“. На дебатата ќе стане збор за се поголемата улога на дигиталното и новите навики во ова време на пандемија, кои честопати, колку што нè доближуваат, толку и нè оддалечуваат.