Новосадското женско поп трио „Фрајле“ вечерва ја запали публиката на Антички Театар во Охрид со прекрасен концерт. 

 

Иако, концертот почна со задоцнување, сепак Наташа, Јелена и Невена за кратко време ја вратија позитивната енергија кај публиката која ужива во звуците на музиката на „Фрајле“.

Фото/Видео: Вечерпрес

Девојките се познати по начинот на кој преку музика комуницираат и ја забавуваат публиката, а и овојпат ги пеат своите авторски песни, но и преработки на македонски и ју-хитови.

Ова е прв концерт на девојките од Нови Сад како трио, откако во време на пандемијата ги напушти Марија, која ја продолжи кариерата како композитор.