Ноќно бележење на хоризонталната сигнализација на бул: Партизански одреди

196

Продолжуваат активностите на екипите на јавното претпријатие „Улици и патишта“ кои спроведуваат акции за ноќно бележење на хоризонталната сигнализација на повеќе градски улици и булевари.

Во вчерашната акција рачно и машински со бела боја беа бележени сообраќајните ленти, пешачките премини и велосипедските патеки на коловозите на дел од булеварот „Партизански одреди“ во Влае.

Ноќно бележење на хоризонталната сигнализација ќе продолжи да се реализира на повеќе локации низ градот и во наредниот период.