Нојер се однесува прилично дрско и безобразно

49

Германските медиуми открија дека пропаднале преговорите за продолжување на соработката помеѓу Баерн (М) и капитенот Мануел Нојер. Иако според медиумите, постојат повеќе причини за неуспехот, легендарниот германски репрезентативец, Лотар Матеус, вината за неуспехот ја лоцира само кај искусниот голман.

  • Во овие тешки времиња, Нојер треба да се сети што се направи Баерн за него. Треба да биде благодарен на клубот, бидејќи почитта не треба да биде едносмерна. Не се сеќавам дека на било кој фудбалер на Баерн Минхен му била дадена толку голема доверба како на Нојер. Тој тврдоглаво инсистира на долгорочен договор што е прилично дрско и безобразно“, изјави Матеус.