Извршниот директор на Баерн (М), Оливер Кан, јавно го критикуваше искусниот голман, Мануел Нојер, заминал на одмор по елиминацијата на СП во Катар, но додека скијал добил скршеница на ногата.
- Мануел реши да паузира и му беше потребен одмор поради стресот. Негова голема страст е алпското скијање, но знам дека неколку пати беше предупреден дека има малку снег, дека има карпи под снегот и дека е опасно, но Нојер никогаш не слуша. Како резултат на тоа, спасувачите морале да го носат со хеликоптер во болница, а ние го загубивме голманот до крајот на сезоната. Сериозен проблем за тимот. Се надеваме дека Мануел бргу ќе се опорави, изјави Кан.