Носиите и модната традиција како културно наследство

338

Какво било влијанието на модата во македонската традиција низ вековите, кои и какви влијанија таа доживеала, за улогата на македонските народни носии на сите народи и народности кои живееле на ова тло говори проектот кој вчера доживеа промоција, а кој е поддржан од нашето Министерството за култура.

Лидија Георгиева професорка на од Технолошки-металорушкиот факултет во
Скопје и Борче Димитровски, потпретседател на КУД “Илинден” преку видеа ги
презентираа моделите кои одбележале одредени декади, а беа презентирани и
градски и селски носии.

– Основната динамика на изгледот без разлика дали е историски костим или
мода, е базирана врз фактот што најголемото влијание доаѓа од
социоекономските прилики, но и климатските услови. Од голема важност за
секое општество е да го сочува со особена грижа и внимание своето
наследство, кај нас конкретно народните носии, бидејќи тие се важен дел од
нашата историја и идентитет. Моментално нашата модна сцена е во фаза на
продуцирање на голем број дизајнери, на некои од нив им претстои интересна
иднина, но само доколку се воспостави релација помеѓу креативните сили и
индустриските капацитети, без тоа се ќе остане само на ниво на независни
дизајнери кои произведуваат интерсни креации во мали количини. Тоа е од
една страна добро, на земјата и треба независна модна сцена, но исто така и
треба и успешен локален бренд на индустриско ниво, рече професорката
Георгиева.

За Димитровски македонските носии се грижливо чувана модна традиција која
го отсликува секој период и општествените промени во земјава.

– Во нашиот фонд или збирка носии имаме оригинални земени од терен, и
реплики изработени од природни материјали. Грижата за нив е специфична и е
тешко да се одржуваат. Некои од оригиналите, како женската носија од
Смилево, датираат од крајот на 19 тиот век, а се откупувани од терен и
надградувани од основањето на ансамблот до денес. Носиите се значајни за
соодветна и автентична презентација на богатиот репертоар кој го има нашиот ансамбл, а се состои од сценски адаптации, обичаи и стилизации најмногу на накитот бидејќи е навистина тешко да се најде на овие простори, но и на самите носии. На пример машките носии задолжително имаат волнен појас кој денеска е заменет со ремен, покрај селските носии постојат и градски носии кои на пример се карактеристични за битолскиот крај, вели Димитровски.

Македонската традиционална носија е белег на едно време кое е важно замакедонската историја. Носијата е богатство на уметшност, креативност и се
дел од македонската материјална култура. Македонските дизајнери може
слободно се приклучат кон информативната платформа tradart.mk и директно
ќе ги изнесат своите ставови.