Нормализиран воздушниот сообраќај на Ла Палма по ерупцијата на вулканот

27

Аеродромот на шпанскиот остров Ла Палма денеска е повторно отворен, а на некои граѓани кои беа евакуирани порано, властите им дозволија да се вратат во своите домови и да ги земат своите работи една недела по ерупцијата на вулканот Кумбре Вијеха.

Лавата од вулканот сè уште тече кон морето, но е побавна. Научниците велат дека ерупциите би можеле да траат наредните три месеци.

Властите соопштија дека нема „значајни инциденти“, но е причинета голема материјална штета. Нема повредени, бидејќи повеќе од 6.000 граѓани беа евакуирани како мерка на претпазливост.

Воздушниот сообраќај на островот повторно функционира, откако аеродромот беше затворен поради пепелта од вулканот.

Ла Палма, остров кој припаѓа на Канарските острови, има 85.000 жители.

Три текови на лава уништија повеќе од 400 објекти и зафатија 212 хектари земја, уништувајќи посеви и патишта.