Норвешка: Масовно труење на забава во напуштен бункер

59

Повеќе од 20 млади луѓе завршија во болница во Норвешка поради труење со јаглерод моноксид за време на забава одржана во подземен бункер во Осло, објави Би-би-си.

Полицијата соопшти дека забавата случајно била откриена кога полициска патрола поминала покрај група млади луѓе кои изгледале збунето покрај бункерот.

Наскоро уште неколку луѓе излегле од бункерот и побарале итна медицинска помош. Норвешките власти веруваат дека труењето било предизвикано од преносни генератори. Лекарите изјавиле дека, за среќа, сите се добро и дека се надвор од животна опасност. Полицијата ги повикаа сите учесници кои страдаат од гадење, главоболка или вртоглавица да побараат лекарска помош. Двајца полицајци, наводно, биле меѓу членовите на забавата.