Норвешка го одложува олеснувањето на мерките и воведува нови

24

Норвешката премиерка Ерна Солберг денееска изјави дека земјата ќе го одложи планираното олеснување на рестрикциите за борба против коронавирусот и ќе воведе нови мерки за да се спречи целосен карантин каков што беше во сила претходно оваа година.

– Сега мораме да забавиме за да избегнеме целосно запирање, рече Солберг.

Норвешка, каде што живеат 5,4 милиони луѓе, во изминатиот период бележи пораст на дневниот број на новозаразени, а во земјата вкупно се регистрирани 9.409 случаи.