Норвешката репрезентација во ракомет на песок, во мечот за третото место на Европското првенство во Варна, не настапи во стандардните дресови, провокативни бикини, туку во шорцеви, заради што Европската ракометна федерација (ЕХФ)  ги казни со 1.500 евра.

Како што пренесуваат светските медиуми, секоја ракометарка е казнета со 150 евра, но Норвешката ракометна федерација ја презеде обврската и го плати целиот износ.

Норвежанките и пред почетокот на ова натпреварување бараа да настапат во шорцеви, бидејќи сметаа дека играњето во бикини е премногу сексистичко, но тоа не им беше дозволено.

Од седиштето на ЕХФ дека не се тие кои ги одредуваат правилата во каква опрема ќе се настапува, туку дека тоа може да го прпмени Светската ракометна федерација (ИХФ), а Норвежаните највија дека и во иднина ќе се борат против ваквата дискриминација.

-За нас најважно е што сите девојки беа заедно, а федерацијата ќе ја плати казната и ќе продолжиме да се бориме девојките да играат во опрема, во која се чувствуваат удобно, порачаа од Ракометната федерација на Норвешка