Нора Мерк две години во ЧСМ Букурешт

186

Норвешката ракометна репрезентативка Нора Мерк пред извесно време најавуваше дека е подготвена да ја заврши кариерата поради честите проблеми со повредите, но неочекувано го промени својот став. Откако ЧСМ Букурешт испрати богата понуда за да ја доведе во Романија, Норвежанката едноставно не можеше да одолее и официјално потпиша двегодишен договор со поранешниот европски шампион.

-Презадоволна сум што можам да објавам дека потпишав договор на две сезони со ЧСМ Букурешт, клуб што верува во мене и во моите квалитети. Помотивирана сум од било кога досега, да се вратам на терените, да продолжам да се развивам како играч и да ја продолжам кариерата како една од најдобрите ракометарки во светот. Искрено верувам дека со тимот на ЧСМ можеме да постигнеме големи работи во наредниот период, изјави Мерк.