Поранешната пејачка Ноне Неделковска пред осум години започна да работи на брод, а сега стана советник за убавина на фришоп. Но, не само што беше унапредена туку реши во новата и подинамична работа да влезе со мала промена во нејзиниот препознатлив имиџ, па црвената боја на коса ја смени со црна. Ама не издржа, па реши да се пофали на социјалните мрежи, објавувајќи слика.

„Нема повеќе црвена коса“, напиша Ноне во описот на фотографијата, но не ни откри дали навистина си ја скратила и ја префарбала нејзината коса. Ама, како и да е, и вака ѝ прилега.

Неделковска, освен што мора од утро до вечер да работи бидејќи новата рабата носи поголеми обврски и одговорности гледа да не ја запостави нејзината Луси, а доказ за тоа се и многубројните фотографии со белата и слатка пудлица, од кои може да се види дека и Луси многу ја сака својата посветена газдарица Ноне. Но, да не се налути Бошко и да не се чувствува помалку вреден таа често и со него се слика. (M.A)

Фото: Инстаграм