Ноле „влета“ на тренинг на гимнастичарки на ОИ и направи шоу/ФОТО

336
Фото: Instagram ninaderwael

Новак Ѓоковиќ добро се забавува во олимпиското село, и не одолеа да се приклучи на тренингот на гимнастичарки од Белгија.

Нина Дервел, европска и светска шампионка во гимнастика, на Инстаграм објави момент од тренингот, на кој се приклучи и најдобриот тенисер на светот.

„Кога Џокер Ноле бара фотографија, не можете да одбиете“, се пошегува Нина со фотографија од тренингот каде фокусот е насочен на флексибилноста.

Познато е дека Новак сака да се проба во разни спортови, играше фудбал, кошарка и се „фрли“ во многу други дисциплини.