Нов скандал во Австрија: Протекоа тајни документи за поделба на министерски позиции

107

Таен документ поврзан со коалициските преговори меѓу Народната партија на Австрија (ÖVP) и Партијата на зелените, кој излезе во јавноста минатиот викенд, предизвика остри несогласувања во владејачката коалиција.

Австриската Зелена партија го обвинува поранешниот канцелар и претседател на ОВП, Себастијан Курц дека намерно и дал тајна дополнителна клаузула на јавноста со цел да му наштети на коалициски договор меѓу Народната партија и Зелените.

Документот, објавен во текот на викендот од Австриската новинска агенција (АПА), се занимава со поделбата на министерските позиции по формирањето на владата, како и влијанието врз јавниот медиумски сервис ОРФ.

Некои медиуми изминатиот викенд објавија дека документот покажува дека Зелените ќе добијат право да одлучуваат за претседател на Советот на Фондацијата ОРФ во замена за одобрување забрана за носење шамии за наставниците во државните училишта, иницијатива на Народната партија.

Двете страни денеска негираа дека некогаш се случил таков „договор“. Австриските медиуми дополнителната, тајна клаузула во коалицискиот договор ја опишаа како „потенцијал за внатре коалициски тензии“, особено што е очигледно дека многу тесен круг во раководството на двете партии знаеле за овие тајни договори меѓу потенцијалните коалициски партнери.

Сепак, Зелените не го обвинуваат наследникот на Себастијан Курц како канцелар и претседател на ÖVP, Карл Нехамер, дека е вмешан во објавувањето информации во јавноста што може да им наштетат на Зелените.

Народните и Зелените се заедно на власт од јануари 2020 година, после т.н. Скандал Ибица и распадот на популистичко-либертаријанската влада.

Себастијан Курц се повлече од активната политика минатата есен по обвинувањата за корупција.