Нов семеен луксуз на славниот српски тенисер Новак Ѓоковиќ

578

Во својот нов стан на Флорида има и приватен зелен парк, а често во посета му доаѓаат родителите од Србија

Светската тениска ѕвезда Новак Ѓоковиќ и неговата сопруга Јелена купиле луксузен стан во Мајами кој ги чинел многу малку. Ако би се шегувале, нели? Овој стан од соништата чини “едвај“ девет милиони долари. Новиот преубав дом на семејството Ѓоковиќ се наоѓа во ВИП станбениот комплекс на крајбрежјето на Мајами бич. Совршен е за мирен семеен живот и далеку е од погледите на љубопитните луѓе, а Ѓоковиќ ги има насекаде со оглед на неговата планетарна популарност. Овој убав стан кој дише со беспрекорна чистота, има три големи спални соби (една е колку обичен стан), три бањи, два базена, спа-центар, сауна, фитнес-центар и бар. Комплексот е проектиран од познатиот архитект Ренко Пјано.

Станот е со фасцинантен поглед на океанот, додека самиот простор располага со базени, но и со сопствен зелен парк за омилени куси прошетки. Озвучен, па Новак додека шета си слуша омилени песни. Тој не крие дека песните од српските пејачи му се најчести на неговиот репертоар, покрај класичната музика. Во тој парк во зеленило од природни стебла, времето го поминуваат Јелена и Новак со своите деца, синот Стефан и ќерката Тара, на кои во посета од Србија на внуците им доаѓаат баба и дедо,а родителите на Новак.

Откако се вселени во новиот стан од 9 милиони долари, на Новак сè помалку му се излегува од него: Воодушевен сум од сè, од ексклузивниот пристап до паркот, од панорамскиот поглед на брегот на океанот. Моето семејство тука има совршен живот, изјавил Новак, а ние ќе изјавиме дека тенисерот сето тоа чесно го заработил (секако и покрај сличен стан во Монте Карло и големата куќа во Белград) во текот на својата успешна светска тениска кариера која сè уште трае. /фото:Инстаграм и ФБ/