Каталонскиот кошаркарски гигант Барселона претрпе уште еден пораз во Евролигата, трет во последните четири меча, откако на гости во Русија загуби од Уникс Казан со 64:70. Домаќинот до победата дојде благодарение на третата четвртина која ја доби со 23:13.

Најдобар во екипата на Уникс беше Браун со 22 поени, три скокови и осум асистенции, додека Хигинс за Барселона постигна 17 коша.

Резултати: Зенит – Монако 77:86, Фенербахче – Жалгирис 73:67, Алба Берлин – Реал (М) 74:89, Макаби ТА – Олимпијакос 84:69.