Нов парк во Топаанско Поле

124

Денеска е пуштен во употреба новиот парк во Топаанско Поле, меѓу улиците „Втора македонска бригада“ и „Ферид Мурат“.

Според скопскиот градоначалник Петре Шилегов, станува збор за парк, трет или четврти годинава што се отвора во функција на зголемување на зеленилото, кој е со површина од над 9.000 квадратни метри.

Во паркот, целосно е уредено зеленилото и е поставен целосно нов систем за наводнување за да се спречи сушење на вегетацијата. Во него се засадени триесетина садници и листопадни и зимзелени, како дел од засиленото зазеленување на Скопје и есенското садење на над 7.000 садници на територијата на градот.

Општина Чаир се погрижи да го облагороди овој простор со нови детски реквизити и содржи, со нова урбана опрема, клупи и корпи за отпадоци, со што ова целосно запуштено место прерасна во еден убав парк.

Освен градоначалникот Шилегов, на отворањето на паркот присуствуваа и градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу, како и директорот на јавното претпријатие „Паркови и зеленило“, Ардијан Муча.