Нов обид за продолжување на дијалогот за законот за ЈО

40
Во текот на денешниот ден е најавена средба помеѓу Бојан Маричиќ од СДСМ и Тимчо Муцунски од ВМРО-ДПМНЕ и разговори за тоа како да се продолжи со дијалогот.

 

Од опозициската партија, иако ја потврдија средбата, нагласуваат дека тоа не значи дека ќе има договор со власта за законот.

Лидерот на СДСМ Зоран Заев, пак, на последната прес-конференција кажа дека се работи за структурен системски закон што се носи со двотретинско мнозинство, и како што рече, „во време и амбиент кога предметите од СЈО се осигурани, тие се во судски процес под надлежност на републичкиот јавен обвинител и тоа создава обврска на сите политички чинители да продолжат да разговараат и да го изнајдат решението кое е најдобро за граѓаните и секако во функција на укажувањето на Венецијанската комисија, Европската делегација и Европската комисија”.