Нов италијански генератор за озон ќе добие велешката филтер станица

152

До крајот на октомври треба да пристигне новиот италијански генераторот за озон во филтерна станица на ЈКП „Дервен” од која со вода за пиење се снабдуваат граѓаните на Велес и околните населени места.

Генераторот за озон треба да го земени еден од двата постоечки, стари 28 години, а кои работат непрекинато од 1991 година и како што појаснуваат од ЈКП „Дервен” се со стара заостаната технологија. Генераторот за озон е вреден околу 12,5 милиони денари или околу 203 илјади евра, а ЈКП „Дервен” ќе го набави од сопствени  средства.

-Новиот посовршен генератор ќе придонесе кон побрзо работење и задржување на квалитетот на водата за пиење, појаснуваат од ЈКП „Дервен”.

Тие информираат дека тендерот за негова набавка е завршен и во тек е постапката за негова набавка од реномиран италијански производител. Истиот треба да пристигне и ќе биде монтиран до крајот на октомври најавуваат од ЈКП „Дервен”.

Инаку велешани вода за пиење добиваат од реката Тополка од ХС „Лисиче” од каде преку цевководот се дистрибуира до велешката филтер станица, каде водата се прочистува и потоа преку градската мрежа се дистрибуира до домаќинствата.