Нов инцидент: Патници панично бегале поради чад во автобус на релацијата Скопје-Тетово

91

Нов инцидент се случи во автобус на автопатот Скопје Тетово. Како што пренесоа повеќе медиуми, нема повредени, а автобусот бил застанат покрај патот.

Се работи за автобус сопственост на скопска агенција за превоз на патници. Првично автобусот во движење почнал да чади, по што возачот успеал да застане. Патниците брзо го напуштиле автобусот и застанале покрај граничникот на автопатот.

Фотографија од местото објави  lajmpress.com