Нов Зеланд: Силен земјотрес почувствуван во Велингтон (видео)

34

Земјотресот  се „почувствува“ и кога премиерката Џасинда Ардерн во живо даваше интервју за телевизијата „Њузхаб“.

Земјотрес со сила од 5,8 степени според Рихтер а е почувствуван во Нов Зеланд, во областа 100-ина километри оддалечена од престолнината Велингтон, соопшти владиниот сервис за следење на сеизмолошките промени Геонет.

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 37 километри, на 30 километри северозападно од градот Левин. Официјалните претставници на центарот за вонредни состојби на Нов Зеланд наведуваат дека засега нема извештаи за евентуални материјални штети.

Земјотресот  се „почувствува“ и кога премиерката Џасинда Ардерн во живо даваше интервју за телевизијата „Њузхаб“. Камерата ја забележа реакцијата во текот на потресот. Таа го прекина интервјуто и објасни што во моментот се случува. „Се чини дека имаме земјотрес. Добро се тресе, видете ги работите околу мене“, рече Ардерн во текот на интервјуто. Таа рече дека е на сигурно место и дека над неа нема рефлектори.