Нов закон во Британија: Доживотен затвор за возачите кои ќе усмртат некого во сообраќајот

168

Британските возачи кои предизвикуваат сообраќајни несреќи со смртни последици ќе се соочат со доживотен затвор кога ќе стапат на сила измените на Законот за безбедност во сообраќајот.

Судиите ќе можат да изречат доживотна казна затвор за лицата кои предизвикуваат несреќи со смртни последици, како и доколку возеле под дејство на алкохол и дрога, јавува Би-Би-Си.

Во моментов максималните казни за секое од овие кривични дела се 14 години затвор.

„Одговорните за сообраќајните несреќи со смртни последици сега се соочуваат со доживотна казна затвор зад решетки. Премногу животи се изгубени поради несовесно возење“, изјави британскиот министер за правда Доминик Раб.

Со промена на законот, возачите кои ќе предизвикаат сообраќајна незгода со тешки или трајни повреди ќе се соочат со построги казни. Предложените измени првпат беа воведени во 2017 година и ќе стапат на сила во вторник, 28 јуни.

Промените ќе важат во Англија, Шкотска и Велс, но не и во Северна Ирска, која има посебни закони за безбедност во сообраќајот.