Нов договор за тројца првотимци

40

Актуелниот шампион на Италија, тимот на Интер, сака во најбрз можен рок да ја продолжи соработката со тројцата стандардни првотимци. Нов договор прво треба да потпише хрватскиот интернационалец Марсело Брозовиќ, кој на крајот од актуелната сезона ќе има статус на слободен фудбалер. Потоа, „нероазурите“ планираат да ја продолжат соработката со аргентинскиот интернационалец Лаутаро Мартинез и со одличниот играч за врска Николо Барела.