Нов договор за Киелини

49

Актуелниот шампион на Италија, тимот на Јувентус, планира во следните неколку дена да ја продолжи соработката со 36-годишниот централен дефанзивец, Џорџо Киелини. Капитенот на новиот европски шампион, репрезентацијата на Италија моментално има статус на слободен фудбалер, но и покрај интересот од Кина и од САД, искусниот дефанзивец сака да остане во Торино и планира да го потпише понудениот едногодишен договор.