Македонската женска кошаркарска репрезентација претрпе уште еден дебакл, откако на домашен терен овој пат загуби од селекцијата на Летонија со 98:39, во рамки на квалификациите за ЕП.

По лошата прва четвртина (25:4) веднаш се знаеше каде ќе замине победата, па на „црвено – жолтите“ девојки не им преостана ништо друго освен да успеат да запишат што е можно побезболен пораз. Но, на крајот разликата извесуваше 59 поени што само по себе покажува дека сме предалеку од големите првенства.

Најефикасна во нашиот состав беше Илина Селцова со 11 поени, додека Ивана Кметовска запиша осум коша.

Македонија по првите две кола е убедливо последна во групата во која се уште и Хрватска и Германија. Наш следен противник е Хрватска на која ќе и гостуваме точно по една година, односно на 12 ноември 2020 година. Инаку, пред само неколку дена Македонија загуби од Германија со 105:40.

ФОТО: Петр Стојановски