Актуелниот кошаркарски шампион на Македонија, екипата на МЗТ Скопје се засили на бековската позиција со Американецот Ерон Харис (26).

Станува збор за кошаркар со репутација на исклучителен поентер, кој универзитетската кариера ја минал на два престижни универзитети, Вест Вирџинија и пред сѐ Мичиган стејт, каде што работел со еден од најеминентните тренери во САД, Том Изо. Тоа е колеџот за кој во минатото играл еден Меџик Џонсон и кој зад себе има две титули во НЦАА-лигата. Потоа кариерата ја продолжил во Џи-лигата во екипата на Висконсин херд, а минатата сезона ја одиграл во Финска во екипата на Тамперен Пиринто.

МЗТ Скопје Аеродром во моментов бара и соодветно и квалитетно засилување и за центарската позиција, како своевидна замена за Нуни Омот, кој мораше да замине во САД поради семејни проблеми.