Ново финале за РК Вардар!

83

Најмалку посакуваниот пенал-рулет се покажа како среќен за ракометарите на Вардар. Актуелниот европски, регионален и македонски шампион обезбеди пласман во финалниот натпревар од Ф4 турнирот во СЕХА лигата, откако со 30:29 (26:26 во регуларните 60 минути), го победи и го елиминира хрватскиот гигант ППД Загреб.

Дисингер и Дибиров со по пет гола беа први стрелци во таборот на Вардар, додека одличниот Борко Ристовски на голот забележа девет интервенции од кои шест во финишот на натпреварот и два пенали. Кај Загреб Мандиќ постигна седум гола.

Првиот полуфинален дуел од Ф4 турнирот во Задар, помеѓу екипите на Веспрем и Брест Мешков, заврши со сигурен триумф на унгарскиот гигант од 28:24.