Италијанската модна куќа продолжува да ја шири палетата на стилски производи. Новината на брендот е претставена во рамките на колекцијата Barocco, која вклучува предмети потребни во домот, како за уредување, така и облека за дома.

Неодамна колекцијата е дополнета и со интересен детаљ- боксерски ракавици. Тие се изработени од јагнешка кожа во црна боја и се украсени со цветни детаљи со потпис на брендот. Таквите ракавици имаат зацврстувачи од чипка, кои ги фиксираат на рацете. Цената им е 3126 долари, што е многу поскапо на пример, од наметката од истата серија, која чини 430 долари.