Ново нормално, но многу необично: Како годинава ќе работи Дедо Мраз?

71

Дека целата година е невообичаена и дека мора да почнеме да се навикнуваме на некои нови начини на работа, дружење и учење – сите веќе добро знаеме, но некои нови идеи и мерки сепак можат да не изненадат.

Една таква идеја потекнува од далечната Австралија, поточно од компанијата Strait Down The Line Promotions. Имено, за време на Божиќ во трговските центри во Австралија, децата можат да се сретнат со Дедо Мраз, да се фотографираат со него и да му кажат што сакаат оваа година под елката.

Бидејќи коронавирусот драстично ја погоди таа земја, тие мораа да донесат нова одлука, па затоа решија да ја променат и модернизираат оваа радост на децата.

Компанијата нуди семејни дружења со Дедо Мраз преку апликацијата Zoom! Средбата трае 12 минути, а доколку сакаат на овој начин да ги расположат своите најмали, родителите треба да одвојат околу 200 долари.

Освен дома, децата ќе ја имаат оваа можност и во трговските центри, преку преноси во живо. Тие ќе можат да комуницираат со Дедо Мраз преку голем екран, со камера и микрофон, пренесува Daily Mail.