Откако згасна телевизијата 1-ТВ, водителот на естрадниот магазин “Ексклузив“ Стефан Лазаров (син на познатиот музичар Орце Лазаров), во меѓувреме стана дел од екипата на утринската емисија „Добро утро, секое утро“ на Телевизија Алфа. Стефан во меѓувреме почна и да пее, сними една интересна песна, со која не се прослави баш нешто особено, но затоа водителската кариера многу подобро му оди.
–
Неговата водителска харизматичност си го прави своето, а нова колешка му е водителката Анастасија Деа Богдановска. Стефан е познат и по своите интересни тетоважи, но и по неколку занимливи фотосесии. Инаку, ТВ Алфа оваа есен стартуваше со многу нови емисии и со доста нови водители и новинари кои својата кариера ја продолжуваат во оваа ТВ-куќа. Д.М. /foto:FB/