Екипата на Лос Анџелес Лејкерс ангажираа уште едно големо засилување за новата сезона. Станува збор кошаркарот на Мемфис, Ејвори Бредли, кој е познат по одличните дефанзивни обврски. Тој со „езерџиите“ потпиша двегодишен договор во вредност од 9,7 милиони долари. Сепак, договорот меѓу Лејкерс и Бредли ќе почека за официјализација откако кошаркарот ќе ја расчисти ситуацијата со Мемфис кој, и онака, сака да се ослободи од него.

Бредли девет сезони во НБА лигата бележи во просек по 12 поени, но пред се неговата игра се темели на одбраната што беше и пресудно во одлуката за ангажман од страна на ЛА Лејкерс.