Екипата на Академија ФМП се засили со крилниот центар Оливер Двојаковски. Со него тимот треба да добие на цврстина во играта под кошевите, а во новата средина доаѓа од Куманово каде што ја започна тековната сезона.

  • Тековната сезона ја започнав во екипата на Куманово, но таа соработка заврши, при што се појави нова можност за мене во екипата на Академија ФМП. Благодарен сум на управата и тренерот кои ми ја даваат оваа шанса да напредувам и да се борам за своето место во тимот. Доаѓам во екипа која е амбициозна и дава шанса на младите играчи и во секој натпревар го дава својот максимум, воедно и работата на тренерот ми е позната од минатата година во екипата на КК Куманово, истакна 23-годишниот Двојаковски.