Ново издание: Книга за Ленин од Славој Жижек

70

“Ленин 2017 – сеќавање, повторување и разработка“ е новата книга на познатиот словенечки филозоф Славој Жижек која неодамна ја објави издавачката куќа „Везилка 2011” на македонски.

“Оригиналноста и важноста на В. И. Ленин како револуционерен лидер најчесто се поврзуваат со преземањето на власта во 1917. Но, Жижек во оваа нова студија и збирка на оригинални текстови на Ленин ја застапува тезата дека неговата вистинска величина можеби подобро може да се разбере од последните две години на неговиот политички живот. Русија преживеа странска инвазија, ембарго и стравична граѓанска војна, како и внатрешни востанија налик на она во Кронштат 1921 година… Жижек со својот силен и провокативен увод сугерира дека храброста на Лениновата мисла може да се препознае во неговата готовност без отстапувања да се соочи со реалноста на повлекувањето“, наведува издавачот.