Ново детско катче позади ТЦ „Бисер“

445

Најмладите жители на општина Аеродром  ќе можат да уживаат во новите детски катчиња на три локации, и тоа позади ТЦ „Бисер“, во паркот „Нирнберг“ во Ново Лисиче и во Стар Аеродром зад ресторанот „Еквириблиум“, информираат општинските власти.

Покрај новите, Општина Аеродром ги реконструира и постојните детски игралишта на неколку локации, и тоа: во новиот парк во Стар Аеродром, до кружниот тек кај поликлиниката „Јане Сандански“, во Реонски центар, зад ТЦ „Капитол“ кај трите бели кули, до училиштето „Ѓоргија Пулевски“, двете игралишта во Долно Лисиче пред месната заедница и пред надвозникот, како и старото игралиште во Ново Лисиче зад комплексот Адора.