Новогодишен базар  в сабота во Паркот „Шопен“

65

Во пресрет на претстојните празници, во сабота во Паркот „Шопен“ во Кисела Вода ќе се одржи Новогодишен хуманитарен базар. Истиот е во организација на градоначалникот на Кисела Вода, Здружението „Куќа на среќата“ и „Здружение на родители на деца заболени од церебрална парализа“ – Скопје.

На настанот, за децата со попреченост ќе се поделат новогодишни пакетчиња кои се обезбедени од страна на градоначалникот Ѓорѓиевски. Воедно, ќе се продаваат изработки од децата од градинките од општина Кисела Вода, а средствата од продажбата ќе се наменат во хуманитарни цели, за потребите на лицата со попреченост.

Од Кисела Вода информираат дека е предвидена интересна музичко-сценска програма, а за најмладите тука ќе биде и Дедо Мраз.