Нови 27 корпи за отпадоци поставени на неколку локации во Центар

53

Поставени се нови 27 корпи за отпадоци на повеќе локации низ територијата на Општина Центар.

Како што велат оттаму, во изминатиов период, во соработка со Градот Скопје се поставени и распоредени 98 корпи наменети за ситни отпадоци, кои во голема мера ќе придонесат за подигнување на нивото на хигиената на јавните површини во нашиот град.

Во наредниот период, Општина Центар ќе го продолжи трендот за поставување на нови корпи и на други локации.