Нови 26 случаи на коронавирус, нема починати

50

Од направени  2 866 тестирања, во последното деноноќие регистрирани се 26 нови случаи на коронавирус, соопшти Министерството за здравство.

Новозаразените се од Скопје – 13 , Тетово – 5, Гостивар – 3, Кичево – 2 и Куманово, Прилеп и Штип – по 1. Во последните 24 часа биле спроведени 2866 тестирања, велат од МЗ.

Нема смртни случаи од Ковид-19, а бројот на оздравени изнесува 8 пациенти.

Досега во земјата се направени вкупно 920.045 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.866, бројката на оздравени пациенти е 150.154, на починати е 5.487, а бројот на активни случаи изнесува 225.