Нови 18 случаи на коронавирус, тројца починати, 21 излекувани

Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со ковид-19 во нашата земја изнесува 1225, а последната дистрибуција по градови е: Скопје – 411,  Куманово – 338, Дебар – 51, Штип-34, Прилеп –117, Тетово – 57,  Струга – 55, Велес – 59, Битола –17, Охрид –15, Кавадарци – 4, Гостивар –13, Гевгелија – 4, Струмица – 2, Крива Паланка-4, Радовиш – 4, Крушево – 3, Кочани – 27, Пробиштип – 2, Кичево – 2, Неготино -2, Демир Хисар – 1, Македонски Брод -2 и Пехчево- 1.

133

Министерството за здравство соопшти дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 21 излекуван пациент – 16 од Скопје, три од Куманово и два од Штип, сите се лекуваа во домашни услови. Со ова до денеска, бројката на излекувани пациенти во земјата изнесува 200.

Починати се тројца пациенти позитивни на ковид-19. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина една пациентка од Лабуништа на 46 – годишна возраст, примена на 29 март, а подолг временски период била на механичка вентилација, и еден 71 – годишен пациент од Прилеп, лекуван  на клиниката од 15 април.

Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Куманово на 63 – годишна возраст, хоспитализирана во тешка состојба на 6 април и веднаш поставена на респираторна машина.

Во изминатите 24 часа потврдени се 18 нови случаи на коронавирус од кои најмногу во Куманово девет, следат Скопје, Штип и Тетово со по случаја и по еден во Велес, Гостивар и Пехчево.

Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со ковид-19 во нашата земја изнесува 1225, а последната дистрибуција по градови е: Скопје – 411,  Куманово – 338, Дебар – 51, Штип-34, Прилеп –117, Тетово – 57,  Струга – 55, Велес – 59, Битола –17, Охрид –15, Кавадарци – 4, Гостивар –13, Гевгелија – 4, Струмица – 2, Крива Паланка-4, Радовиш – 4, Крушево – 3, Кочани – 27, Пробиштип – 2, Кичево – 2, Неготино -2, Демир Хисар – 1, Македонски Брод -2 и Пехчево- 1.

Во изминатото деноноќие направени се 263 теста. Преку ИЈЗ –252, преку и Систина со PCR метода  -11. Досега во земјата се направени вкупно 12.133 тестирања на ковид -19.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, примени се три пациенти од Скопје, Струга и Прилеп со средно-тешка и тешка состојба.  Вкупно се хоспитализирани 56, од кои 18 се на кислородна поддршка, а тројца се на механичка вентилација.

Во ГОБ „8 септември“ примени се 15 нови пациенти. Суспектни пациенти кои добија негативен резултат се префрлени на други оддели, па во моментов на одделот за ковид се хоспитализирани 34 потврдени и суспектни пациенти. Со потешка клиничка слика се девет пациенти, а шест се на респираторна машина.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 14 пациенти потврдени и суспектни на ковид, а на домашно лекување се следат уште 15 пациенти.

Во штипската болница во мометов се лекуваат пет ковид позитивни пациенти, сите во стабилна состојба, а на  домашно лекување се следат 19 пациенти, стои во соопштениуето од Министерството за здравство.

Министерството за здравство