Нови тротоари на улица „Кеј на Брегалница” во Делчево

154

Општина Делчево во соработка со Јавното претпријатие за комунална дејност „Брегалница” продолжува со уредувањето на пристапните патеки и тротоари кои се со земјена подлога.

– Деновиве се работи на изградба на тротоарите пред станбениот комплекс на улицата „Кеј на Брегалница“. Вкупната должина на тротоарите кои се градат со бехатон-плочки изнесува 150 метри, а досега се завршени 120 метри. Изградбата на овие тротоарите ќе придонесе за поголема безбедност за пешаците кои досега избегнувајќи ги калливите тротоарите, се движеа по коловозот, а исто така, новите тротоари ќе придонесат и за поурбан изглед на населбата – информираа од општината.

Изградба на тротоари и пристапни патеки во градското подрачје во Делчево е планирана и во наредниот период.