Нови тоалети во „Мајски цвет“ – Тафталиџе 1

147

Започна опремувањето на тоалетите во „Мајски цвет” во Тафталиџе 1.

Се поставува нова хигиенско – санитарна опрема (тоалетни школки, чешми и мијалници).

– Ја комплетираме и замената на прозорци и врати, а ќе се продолжи и со обнова на подот, кровната површина и фасадата – информира градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев.