Нови сознанија за петте жртви кај Берлин: Го убил семејството и себе си заради лажен сертификат за вакцина!

1455

Причина за  смртта на петте лица што беа пронајдени во местото Сенциг, јужно од Берлин била лажна потврда за вакцина. Германскиот обвинител денеска соопшти дека мажот што ја убил својата жена и трите мали деца, а потоа се самоубил, имал лажна потврда за вакцинација и се плашел дека ќе му бидат одземени децата ако биде откриен.

За потсетување, германската полиција во саботата во семејна куќа јужно од Берлин пронашла тела на две возрасни лица на 40-годишна возраст и на три деца од четири, осум и 10 години.

Во прошталната порака која ја нашла полицијата, мажот навел дека ја фалсификувал потврдата за вакцинација за својата сопруга.

„Нејзиниот работотавач дознал за тоа, па мажот и жената стравувале дека ќе бидат уапсени и ќе ги загубат децата“, соопшти обвинителот Гернот Бантлеон за Ројтерс.

Членовите на семејството биле мртви со денови, а еден од соседите изјавил дека неодамна слушнал истрел. Родителите биле учители, а се наведува и дека семејството било во карантин поради зараза со коронавирусот.