Нови преговори за Неимар

126

Близок извор од таборот на каталонскиот гигант Барселона, откри дека раководните лица на актуелниот шампион на Шпанија сè уште преговараат со челниците на ПСЖ околу трансферот на бразилскиот интернационалец Неимар.

Двата клуба не најдоа заеднички јазик околу обесштетувањето за време на летниот преоден рок, но голема е веројатноста дека Неимар ќе се врати на „Ноу Камп“ на крајот од актуелната сезона.

Во договорот на Бразилецот има клаузула според која Неимар ќе биде достапен за 170 мил. евра доколку три сезони го носи дресот на „светците“.