Нови поделби – Скендер Реџепи не дојде на првиот Конгрес на Алтернатива

53

Алтернатива, која се формираше како фракција на Движење Беса, денеска го одржа првиот Конгрес на кој на виделина излегоа нови поделби.

На конгресот не беше присутен пратеникот од оваа партија, Скендер Реџепи, иако на краткиот видео материјал подготвен за историјата на партијата, Реџепи речиси на секој дел е покрај лидерот на партијата Африм Гаши.

„Тој беше поканет како и сите други делегати, има многу други делегати кои не дојдоа, секој ги знае своите причини“, истакна Африм Гаши.

За ТВ21 Реџепи објасни дека не учествувал на конгресот бидејќи е принципиелен кон своите ставови изразени пред неколку дена.

„Граѓаните заслужуваат конкретни и детални одговори како и тоа кога ќе се оствари договорот Алтернатива-Влада“, посочи Скендер Реџепи.

Реџепи отворено ги критикува функционерите на Алтернатива во Владата, кои не преземаат ништо за реализација на точките од програмата со која влегоа во Влада.