Нови дрвореди низ булеварите и улиците во Скопје

111

Есенската акција за раззеленување на Скопје продолжува со формирање нови дрвореди и обновување на постојните со висококвалитетни садници, на повеќе локации во сите скопски општини.

Екипи на Град Скопје и ЈП „Паркови и зеленило“ деновиве формираа нови дрвореди на улицата „Франклин Рузвелт“, булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“, улицата „Никола Парапунов“, улицата „Васко Карангелевски“, булеварот „Гоце Делчев„ и улицата „Васил Ѓоргов“.